Македонија

(ФОТО) Катица Јанева се одмори, фотографирана на граничен премин при влез во земјава

Нови фотографии од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева осамнаа на социјалните мрежи.  На Твитер, на профил со „Началникот“ се објавени три фотографии од кои се гледа дека Јанева е на  граничниот премин кај Дојран.

Објавувачот, не наведува од кога се фотографиите.

Изминатите денови, во јавноста излегуваа фотографии од Јанева од плажи во Грција, каде таа беше на одмор. По обелоденувањето на аферата, Јанева не беше осомничена, па замина на одмор , што предизвика низа критики кај стручната јавност, од причина што постојат индиции дека може да влијае врз доказите и постапката.

 

На почеток