Македонија

Хан: Никој не е над законот и не може да има неказнивост – сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата

По аферата „Рекет“ која ја треси земјава се огласи комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан. Тој на твитер напиша:

-Борбата против корупцијата на високо ниво мора да се одвива непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања. Никој не е над законот и не може да има неказнивост. Надлежните органи мора да ги испитаат сите кривични дела, без никакво мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, напиша Хан.

На почеток