Коментари

Суровата реалност во која живееме: Жалосно е што почитта е непостоечка

Жалосно е што гледам мали девојчиња од 13/14 години како си го тртат газот за на Инстаграм..
Жалосно е што кога нема интернет наоколу се препотуваме, а штом најдеме wifi сите трчаат да проверат лајкови..
Жалосно е што зборовите напишани тука ја изгубија секоја смисла..
Што едно “добар сум” не е навистина “добар сум”.
Што се е маска и празно..
Што се криеме зад фотографии од кои ечат крици на празен живот..
Што го пишуваме она што се очекува, а не она што сакаме да го кажеме..
Жалосно е што некој свесно одлучува да не врати веднаш на порака, за да ја/го “копка”..
Уште пожалосно е што ретко кој крева слушалка.
Жалосно е што луѓето ја изгубија искреноста, што не знаат да кажат што имаат на ум..
Што секој трча по “нешто”, а најголемиот број не знаат ни што.
Жалосно е што соголувањето на телото е “ин”, а соголувањето на душата е “табу”.
Жалосно е што немајќи љубов, младите се задоволуваат со краткотрајни забави.
Жалосно е што речиси и да не постојат џентлмени и дами.
Жалосно е што почитта е непостоечка.
Жалосно е што денес луѓето повеќе мерат, отколку што си дозволуваат да почувствуваат.
Жалосно е што ” уметноста ” денес се создава како последица на трендови, наместо длабоки истражувања на душата и светот.

Жалосно е што да шлапкаш додека јадеш е ок.
И да плукаш на улица.
И да фрлаш ѓубре на улица.
И да ги труеш животните.
И да не кажеш “здраво” кога ќе поминеш покрај познаник.
И да и свиркаш на девојка додека проаѓа на улица.
И да и се обраќаш на Инстаграм и Фејсбук небаре е твоја сопственост. Најголемиот дел така им се обраќаат и на жените дома кои им ги донеле на свет нивните деца.

Жалосно е што луѓето и да можат нема да помогнат некому ако му треба.
Жалосно е што сите се себични.
Жалосно е што трагајќи по успех, заборават на тоа кој бил до нив додека тонеле.
Жалосно е што сите ние ги изгубивме вредностите, културата.. изгубивме мера за нештата кои вредат во животот.
Заборавивме да љубиме, да цениме, да се радуваме… заборавивме да се гушкаме.
Само бркаме лајкови, унапредувања, дипломи, признанија некакви си, и што ли не… а не се бориме да бидеме луѓе.

Има уште многу… ама не можам…

Ивана Балабанова (ФБ статус)

На почеток