Македонија

СЈО со Стефанова на судење, обвинетите нема да ги признаваат по случајот „Рекет“

Од денеска во Кривичниот суд треба да продолжат рочиштата по предметите на Специјалното јавно обвинителство. За денеска, според најавата, на нивната веб страница има закажано рочиште за предметот Титаник, кој се однесува на изборни нерегуларности.  На рочиштата за Титаник досега претставник од СЈО беше обвинителката Лиле Стефанова.

Според информации на „Скопје1.мк“, дека обвинетите ексфункционери на ВМРО-ДПМНЕ нема да го признаваат СЈО, ниту неговиот претставник во судницата, а со тоа, ќе се спротистават на судот да тече натамошна постапка по овој предмет. Меѓу обвинетите се Мартин Протуѓер, Гордана Јанкуловска, Илија Димовски.

Инаку, рочиштата продолжуваат по судската ферија што почна на 15 јули, а продолжува во период кога преку интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ беа објавени снимени разговори меѓу Бојан Јовановски (Боки 13) и Јордан (Орце) Камчев, за случајот „Рекет“, а во кои се споменуваа Катица Јанева и Лиле Стефанова која го води предметот „Империја“ а во која е осомничен бизнисменот Јордан (Орце) Камчев.

 

 

 

На почеток