Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство.На почетокот на судењето адвокатот на Илија Димовски побара одлагање на денешното рочиште поради како што кажа аферата „Рекет“ и оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева.
“Бараме одлагање поради новонастаната ситуација”, рече Василев.
Синот ова не го дозволи, бидејќи како што кажа судијата Осман Шабани нема никаква пречка тоа да не се одржи.
“Нема законска пречка рочиштето да се одржи. Постапка се води во друго обвинителство. Оставката е депонирана но не е констатирана. Тоа идно дејство, рече судијата Осман Шабани.
Последното рочиште за овој предмет на 5 јуи беше одложено поради неприсуство Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите.
