На 13.08.2019 од 08,00 до 13,00 часот, на повеќе локации во Тетово беше спроведена акциска контрола за прекршоци кои ги чинат пешаците. Во контролата вкупно откриени и законски санкционирани се 28 прекршоци oд пешаците, најмногу поради непочитување на светлосните сообраќајни знаци.
Покрај ова, откриени се и девет други видови сообраќајни прекршоци.