На 13.08.2019 во 04,00 часот било пријавено дека во Ресен на улицата „Борис Кидрич“ во правец на с.Царев Двор патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.К. (26) од Ресен, а кое тој противправно го одзел од сопственикот, удрило во столб. По незгодата возачот го напуштил местотото на настанот, но по кратко време е пронајден. Е.К. од незгодата се здобил со повреди и му била укажана помош во ЈЗУ-Ресен. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен.