Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава изјави за случајот „Рекет“ дадоа две специјални обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, oбјави порталот „Сведок“.
Засега од таа институција не откриваат дали и кога ќе биде повикана шефицата во оставка Катица Јанева.
Катица Јанева се уште нема добиено никаква покана од Јавното обвинителство, а државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на прашањето дали и кога ќе биде повикана, одговори дека однапред не објавуваат поради непречено одвивање на истрагата и обезбедување на доказите.