Околу 500-тини родители треба да платат казни зошто не ги вакцинирале децата. Оваа бројка е само за оваа година. Овие родители добиле прекршочни пријави од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Од инспекторатот велат дека бројката на невакцинирани деца била поголема, но дел од родителите дошле на порамнување и платиле половина од сумата, а други пак приложиле документ дека детето во меѓувреме било вакцинирано или пак здравствената состојба не дозволувала да примаат вакцина.
-Казната доколку дојдат на порамнување е околу 300 евра, доколку платат во рок од 8 дена се преполовува на 150 евра, но тоа не ги амнестира родителите да не ги вакцинираат децата, тие и понатаму нема да бидат примани во градинките, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.