Македонија

Родилка почина на Клиниката за гинекологија, бебето спасено!

Родилка од Македонска Каменица починала на Клиниката за гинекологија. Масивна тромб емболија поради што дошло до попуштање на срцето, но и белите дробови најверојатно е причината за смртта на 27 годишната жена, која во многу тешка состојба со Брза помош била донесена на ГАК. Гинеколозите успеале да го спасат бебето кое сега е на одделот за интензивна нега, но лекари од повеќе клиники и покрај сите напори со поставувањето на пејсмејкер и двочасовната ренаимација, не успеале да ја вратат во живот родилката. Починатата неколку дена имала проблеми со дишењето и движењето, објавува Сител.

Пред да заврши на скопска гинекологија, од Брза Помош 27 годишната жена прво ја однеле во кочанската болница, каде поради тешката состојба веднаш ја препратиле во Скопје. Поради смртта на младата родилка, гинеколозите велат дека не сакаат да ги плашат трудниците, но апелираат  да не седат дома доколку нешто не е во ред со нивното здравје.

На почеток