Македонија

Алијанса за Албанците: Филипче денес ги повика само „експертите на ВМРО да се вклучат во работни групи за изградба на новиот Клинички центар“

Скандалите на министерот Филипче не престануваат. Денес ги повика само „експертите на ВМРО да се вклучат во работни групи за изградба на новиот Клинички центар во населбата Ѓорче Петров во Скопје“ заобиколувајќи ја Алијансата за Албанците и нејзините здравствени експерти од Комисијата за здравство .

Почитуван министер, новиот Клинички центар нема да биде власништво само на СДСМ или ВМРО, или пак на било кој друг, туку ќе биде заеднички за секој граѓанин на Република Северна Македонија, без оглед на националноста, религијата или која било друга припадност, сакате вие или не. Вие денес изјавивте „Заедно да бидеме дел од еден успешен проект“ но со половична покана и елиминирање и заобиколување на Албанците и нивните вистински претставници, Алијансата за Албанците како најголема албанска опозициска партија во Република на Северна Македонија и така го осудивте на неуспех овој голем капитален проект.

Затоа, уште еднаш ве покануваме вас и вашиот заменик „слика без тон“ на телевизиски дуел со експертите на Алијансата за Албанците каде ќе ги изнесеме нашите факти и предлози како и грешките во чекори што ги правите секој ден кои ќе не чинат многу во квалитетот на здравствените услуги на болниот здравствен систем, се вели во соопштението од комисијата за Здравство на Алијанза за Албанците.

На почеток