Македонија

Ленче Ристоска пред еден месец пријавила над 1.5 милион денари во банка

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска во 2017 година преку договор за купопродожба се стекнала со земјоделско земјиште во селото Долно Дупени. Според анкетниот лист кој го доставила до Антикорупциската комисија, од целото земјиште, таа поседува само 1/4. Ристоска пред скоро еден месец пријавила и банкарски депозит со кој се стекнала на друг начин (не е опишано каков) во вредност од 1.700.000 денари.

Според пријавениот анкетен лист, Ристоска поседува скромен имот. Таа псоедува градежно земјиште во Скопје од 480 метри квадратни кое исто така го стекнала со договор за купопродожба. Од подвижен имот има „Рено Каптур“ вредно 973.400 денари купено во 2015 година.

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Ленче Ристовска, во саботата на својот профил на Facebook објави статус на англиски јазик во кои посочува дека со „продолжено или панично движење, подлабоко се тоне во живиот песок“.

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша Ристовска, без да алудира на кого конкретно се однесува објавата.

Сепак, оваа реакција следи по наредбата на шефицата на СЈО, Катица Јанева, за претрес на обвинителите при влез и излез од зградата на ова обвинителство, што предизвика реакции кај дел од обвинителите.

На почеток