Свет

Фекалии излеани на плажи во Црна Гора, десетици хоспитализирани, од нив најмногу деца

Десетици лица се заболени од кои повеќето деца, со стомачни инфекции деновиве ги полнат болниците во делови од Црна Гора. Само во последниве десетина дена поради инфекции од ротавируси заболеле 38 лица, од кои дури 36 се деца на возраст до четири години.

Цревните заразни болести поради високите температури, кои се погодни за развој на микроорганизмите, најчесто се јавуваат во летниот период.

Неколку граѓани изјавиле дека децата, кои престојуваат во будванската населба Бечиќи, се заразени со ротавируси, бидејќи дошло до излевање фекалии на плажата и шеталиштето, а тврдат и дека се инфицирале капејќи се во морето.

Од Институтот велат дека не може да се тврди дека се заразени поради капењето во море, бидејќи во Будва заболеле пет лица, колку и во Цетиње.

На почеток