Свет

Твитер избриша над 10.000 лажни профили

Од социјалната мрежа Твитер се избришани над 10.000 лажни профили, од кои автоматски биле праќани пораки со повици за бојкот на изборите за американскиот Конгрес, што ќе се одржат во вторник.

„Отстранивме низа профили поради тоа што се обидуваа на автоматизиран начин да шират дезинформации, што претставува провреда на нашите насоки за работа“, потврди потпаролот на Твитер за Ројтерс.

Преку лажните профили биле објавувани информации кои требало да ги спречат избирачите да излезат на изборите за Конгресот во вторник, на 6 ноември.

Твитер месечно има 335 милиони активни корисници. Во кампањата за претседателските избори во САД, во 2016 година, Твитер затвори милиони профили преку кои беа ширени лажни вести со цел да и’ се наштети особено на кандидатката за претседател на демократите, Хилари Клинтон.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток