Обвинителката Фатиме Фетаи за ТВ21 вели дека нејзините предмети се чиси и нема да коментира повеќе. На наше прашање дали се оградува од Катица Јанева таа даде одговор.
На прашање од новинарите дали таа продолжува да работи под овластување на специјалната јавна обвинителка во заминување, Катица Јанева, Фетаи одговори дека таа се уште е главна обвинителка во СЈО.
Предлозите за изземање на обвинителите Гаврил Бубевски и Фамите Фетаи до судот утрово ги поднесе адвокатот Еленко Миланов, по што беше дадена пауза,а Јанева со решение го одби барањето за нивно изземање. Следното рочиште на случајот „Титаник 3“ е закажано за 26 август.