Коментари

Сергеј Варошлија со емотивна роденденска порака до Боки 13

„Да сакаш на другар да му честиташ роденден, а тој да не може да ја прими искрената честитка“, напиша стилистот и ТВ-водителот Сергеј Варошлија на својот Фејсбук профил во пост во кој му го честиташе роденденот на Бојан Јовановски-Боки 13.

„Можете да го нарекувате како сакате, со секакви надимаци и описни зборови, но за мене бил и ќе остане само едно име – Бојан, кое асоцира на другарство, пријателство, едно од оние ретките, едно од оние малкуте кои и јас, и сите ние ги имаме во животот, едно од оние кои се бројат на една рака!

Еден од ретките кои искрено се грижеше, бореше и интересираше за сите, а „сите“ наоколу ретко, а уште помалку искрено се грижеа или бореа за него, зошто повеќе ги интересираше „што, како, зошто…“, заслепени од тие „прашања“ не можеа да ја видат неговата суштина и човечност пред се!

Но, не за џабе викаат „човек на човек му е огледало”!

Среќен роденден драг мој Бојан! И како вика онаа народната: „Се проаѓа“, битно да си ми жив и здрав!

П.С. Благодарам на малкуте пријатели што ми се јавија – пишаа во овој период, Вие знаете кои сте!“, напиша Варошлија.

На почеток