Македонија

Дали осомничената Јанева ќе го потопи и тимот на СЈО?

Според Законот за СЈО, шеф на СЈО се избира со двотретинско и Бадинтерово мнозинство, а предлогот потоа Собранието го дава на гласање до Советот на обвинители.

Според Законот за СЈО, разрешувањето на обвинителите е директно врзано со мандатот на специјалната јавна обвинителка и токму затоа правните експерти што ги консултираше Плусинфо не исклучуваат сценарио на одолговлекување на решението со избор на новиот тим на СЈО во случај да падне третоосомничената во „Рекет“, до средината на септември кога истекува мандатот на Јанева, за да се избегне уште позаплеткана ситуација во која државата ќе има обезглавено СЈО кое пак има мандат до 2020 година.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески пред неколку дена изјави дека Советот на обвинители треба сам, без одлука на Собранието да избере вршител на должност на СЈО. Но, наспроти овој став, пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ потсети дека изборот на СЈО кој е регулиран во членот 3 и разрешувањето кое е зацементирано во членот 18 е пропишано во Законот за СЈО и не може и не смее да се применува друг закон.

Порталот повикувајќи се на свои извори, анализира дека падот на актуелното СЈО нема да се случи пред да истече законскиот рок во кој истекува мандатот на Јанева за да се избегне нов политички јазол.

Текстот во целост на: Плусинфо.мк

На почеток