Најмалку 17 лица го загубија животот во поплавите кои ја зафатија Италија. Повеќето од жртвите ги загубиле своите животи поради паднати дрвја.
Според проценката на италијанското Здружение на земјоделски компании, во невремето се уништени околу 14 милиони дрвја.
На островот Сицилија скоро се е под вода и поради тоа е прогласена вонредна состојба.
Via Porta di Castro in Palermo, Sicily turned into a flood torrent under the torrential rainfall tonight, November 2/3. Video: F. Masaro / Associazone MeteoPalermo pic.twitter.com/WJgKr8fw9L
— severe-weather.EU (@severeweatherEU) November 4, 2018
„Тешка апокалиптична ситуација“, рече началникот за Цивилна заштита, Ангело Борели.
Во некои делови, како на пример Венето, со електрична енергија се снабдуваат со генератори, но и покрај тоа има околу 5000 семејства во мрак.
Major floods in Sciacca, Sicily right now! Report: Giancarlo Fauci / Notizie meteo Italia pic.twitter.com/2yebhymPdD
— severe-weather.EU (@severeweatherEU) November 2, 2018
Патиштата се блокирани од стотици стебла, а има и голем број на одрони.