Видео и Фото

(Видео) Вработена на аеродром добила отказ зашто му порачала на патник дека е грд

Вработена во обезбедувањето на аеродром во Њујорк доби отказ од работа кога на еден патник му врачила ливче со рачно напишана порака „Ти си грд!!!“

Инцидентот се случил во текот на јуни, но за него се дозна пред неколку дена кога патникот Нил Страснер добил снимка од надзорните камери и ја поставил на „Јутјуб“.

На снимките од меѓународниот аеродром „Грејтер Рочестер“ се гледа како вработената во обезбедувањето му врачува порака на Страснер кога тој поминал низ детекторот за метал.

Страснер вели дека во тие моменти не размислувал за пораката и се упатил кон излезот, но работничката викнала по него: „Зарем нема да ја прочиташ пораката?“

Кога му довикнала, таа почнала да се смее, a Страснер подоцна се пожалил кај нејзините претпоставени.

Одделот за безбедност во сообраќајот соопшти дека жената била привремено вработена како припадник на обезбедувањето додавајќи дека има нулта толеранција за такво поведение на работниците.

На почеток