Во Индија убиена е тигрица која наводно убила 13 луѓе. Таа не можела да одолее на машкиот парфем на Келвин Клајн, „Обсешн“, јави Би-Би-Си.
Би-Би-Си објаснува дека во составот на парфем „Обсешн“ меѓу останатите се наоѓа и феромон цибетка, мачколико животно од среден раст.
Индиските ловци одлучиле да се послужат со тој парфем за да ја намамат откако американски научници го користеле тој парфем за да намамат јагуари.
Ловот на тигрицата траел скоро две години. Во последните две години таа убила 10 луѓе и повеќе од 5.000 жители од тие подрачја во кои се движела живееле во страв. Во ловот на тигрицата биле користени повеќе од 100 стапици со камери.
