На 28.08.2019 околу 01.50 часот, на паркинг во близина на бензинска пумпа во село Жеровјане, полициски службеници од Полициско одделение Камењане го привеле 22-годишниот Б.Е. од село Чегране, кај кого е пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.