Денеска во раните утрински часови се случила сообраќајна несреќа со смртни последици.
Околу 02:25 на улицата „Јадранска магистрала“, 18-годишниот Д.К. управувајќи со своето возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот, по што починал на самото место на настанот.
Двајцата сопатници од возилото со лесни повреди се пренесени во клиничкиот центар во Скопје. МВР направи увид на местото на настанот.