Македонија

Ацо Колевски е новиот претседател на Советот на јавните обвинители

Ацо Колевски, едногласно е избран новиот претседател на Советот на јавни обвинители. Колевски доби 10 гласа ЗА и со тоа го наследи на функцијата досегашниот претседател, Коле Штерјев, кој ја извршуваше функцијата од 31 август 2017 година.Мандатот на Колевски ќе трае 2 години.

Ацо Колевски е член на Советот од февруари 2018 година кога беше избран од редот на јавните обвинители и дојде на местото на Љубомир Јовески кој ја презеде должноста државен јавен обвибител.

Претседателот на Советот на јавни обвинители се избира од членовите со тајно гласање. Неговиот мандат трае две години, без право на повторен избор

На почеток