Магазин

Ротердам ќе биде домаќин на 65 издание на „Песна на Евровизија“

Јубилејното 65-то издание на Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи во Ротердам, соопшти денеска ЕБДУ. Во трката помеѓу холандските градови за организирање на Евровизија, Ротердам успеа да го победи конкурентот Мастрихт.

Полуфиналните вечери ќе се одржат на 12 и 14 мај, а големото финале на 16 мај во арената „Ахој“.

– Ротердам покажа голем ентузијазам и ангажман, а во исто време има права инфраструктура за да биде домаќин на делегации од повеќе од 40 држави, изјави извршниот продуцент на Песна на Евровизија, Јон Ола Санд.

За потсетување на овогодинешната Евровизија во Тел Авив, победи холандскиот пејач Данкан Лоренс.  Холандија првпат по 1975 година ќе биде домаќин на Песна на Евровизија, а до сега петпати беше организатор на музичката манифестација.

На почеток