Новак Ѓоковиќ во три сета избори пласман во четвртото коло на Ју-Ес опен. Српскиот тенисер со 6/3, 6/4, 6/2 го победи Американецот Денис Кудла во последниот меч одигран на стадионот „Артур Еш“. Првиот носител се подготвуваше за сервис кога навивачот му дофрли нешто, по што Ѓоковиќ го прекина загревањето и се упати кон обезбедувањето. На негова реакција лицето кое му дофрли беше отстрането од подтрибинскиот простор, но Ѓоковиќ очигледно беше изнервиран.
Овој инцидент не остави никаква трага врз играта на Србинот, кој покажа одличен тенис и заслужено се пласираше во осминафиналето.
Oh wow.. Djokovic getting into a tiff with one of the fans in the middle of his warm-up. Not happy with something that was said. @BenRothenberg @bgtennisnation pic.twitter.com/cAXeMpj6s0
— Sridhar Natarajan (@sridinats) August 31, 2019