Македонија

Судар помеѓу трактор и моторцикл – со тешки телесни повреди моторциклистот

На 31.08.2019 во 15.50 часот било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – с.Тодоровци, кај местото викано „Ѓурѓина ливада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „фергусон“ со делчевски регистарски ознаки управуван од К.М.(22) и мотоцикл управуван од М.Ј.(64), и двајцата од с.Тодоровци, М.Каменица. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клинички центар Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Делчево.

На почеток