Македонија

Кои се најбогати градоначалници кои „тежат“ 30 милиони евра?

Десетте најбогати градоначалници во Република Северна Македонија тежат околу 30 милиони евра. Меѓу нив еден е на ВМРО-ДПМНЕ, но е прв на листата, додека шест гравитираат или се членови на СДСМ. Од вкупно три градоначалници на партијата Алијанса за Албанците, и тројцата се наоѓаат на листата на топ 10 најбогати градоначалници.

На прво место се наоѓа градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, за потоа да следат Николчо Илиев – прв човек на Кочани, Исен Шабани на Врапчиште, Албон Џемаили на Боговиње, Петре Шилегов на Град Скопје, Арбен Таравари на Гостивар, Константин Георгиески на Охрид, Герасим Конзулов на Радовиш, Никола Андонов на Ново Село и Александар Наумоски на Ѓорче Петров, објави inbox7.mk.

ЧЕТИРИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ПОБОГАТИ ПО ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Кај четири од актуелните градоначалници на кои што ова им е втор мандат е забележано зголемување на вредноста на нивниот имот, споредено со податоците кои СКУП ги објави во 2017 година, кога и беа одржани последните локални избори.

Општина Градоначалник Имотна состојба од 2017 година Имотна состојба од 2019 година
Кичево Фатмир Дехари 301.205 евра 302.489 евра
Теарце Исен Асани 134.756 евра 194.331 евра
Центар Жупа Аријан Ибраими 96.854 евра 97.687 евра
Илинден Жика Стојановски 93.702 евра 99.555 евра

 

Додека пак, кај седум градоначалници има намалување на вредноста на имотот.

Општина Градоначалник Имотна состојба од 2017 година Имотна состојба од 2019 година
Брвеница Енвер Пајазити 1.464.341 евра 126.459 евра
Пласница Исмаил Јахоски 794.614 евра 431.274 евра
Чучер Сандево Јован Пејковски 518.699 евра 333.333 евра
Тетово Теута Арифи 270.237 евра 245.725 евра
Зрновци Блажо Станков 213.496 евра 168.065 евра
Петровец Борче Митевски 168.130 евра 125.203 евра
Сопиште Стевче Трпковски 134.793 евра 119.052 евра

 

Текстот во целост на: inbox7.mk. 

 

На почеток