Македонија

Османи: Мора да има компромис за формирањето на новото СЈО

Јас сум оптимист дека ќе се најде компромис за законот за јавно обвинителство и ќе се донесе со консензус помеѓу сите политички партии. Мислам дека разликите меѓу главните политички партии од македонскиот блок не се ненадминливи, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој додава дека е потребна сериозна политичка волја и седнување на маса со цел да се надминат тие разлики.

-Сè што е во рамки на црвените линии коишто и ЕУ ги поставува, меѓутоа и ние како Влада, а тоа е дека треба да има институција која се справува со криминал на високо ниво и дека сите случаи, дали од прислушувањата, дали надвор од прислушувањата, за коишто има индиции, треба да се расветлат во една судска процедура. Сè во рамки на овие граници мислам дека има простор за компромис и јас сум оптимист дека ќе се најде компромис за законот за јавно обвинителство и ќе се донесе со консензус помеѓу сите политички партии, вели Османи.

На почеток