Македонија

ВИДЕО: Туристите натрупаа 300% повеќе ѓубре од вообичаеното во Охрид и Струга

Големиот број на туристи со себе донесе и поголеми количини на смет кои јавните коминални претпријатија во Охрид и Струга ги собираа во текот на главната туристичка сезона. Комуналците работеле и во три смени за да двата туристички центри бидат чисти.

„Можам да кажам дека поради сообраќајниот метеж кој настана поради гужвите, движењето на механизацијата на ЈП беше лимитирано, односно брзината на движење на возилата низ градот, па затоа можеби од време на време имаше слика на полни контејнери меѓутоа онака како што е предвидено значи во центарот да се празнат контејнерите во три смени, сето тоа успевавме да го сработиме“, рече Љупчо Грданоски-директор на ЈП Охридски комуналец.

„Имаме две до три локации каде не можевме во текот на пладневните часови да дејствуваме со сопствената механизација и тоа го правевме во ноќните и утринските часови. За жал позади хотел Београд има еден тунел и таму навистина не можевме редовно да влегуваме двапати до трипати затоа што тој дел на градот е закочен со паркирани возила, а во делот на чаршијата поради обемот на луѓе кој се движеше“, рече Иван Клечкароски- директор на Комунално Струга.

На почеток