Свет

Воздухот во Њу Делхи загаден 20 пати повеќе од нормалната граница

Загаденоста на воздухот во Њу Делхи денеска е 20 пати повеќе од препорачаната граница на Светската здравствена организација. Како што пренесуваат тамошните медиуми, жителите на главниот град на Индија утрово биле во паника откако градот бил прекриен од густ сив смог во пресрет на Дивали, фестивал на светлина.

Според Би-би-си, видливоста во градот е многу лоша, а загадувањето е 20 пати повеќе од препорачаната граница на Светската здравствена организација. Експертите предупредуваат дека квалитетот на воздухот ќе се влоши дополнително во наредните денови поради употребата на петарди.

Индиските градови обично се рангираат на првото место на листите за најлош квалитет на воздухот во светот.

Врховниот суд претходно го ограничи дозволеното време за фрлање петарди на два часа на ден, но експертите сметаат дека ограничувањето ќе биде тешко да се спроведе.

Фестивалот Дивали е најважниот хинду-фестивал во северна Индија, со него ја граѓаните ја прославуваат победата на доброто над злото.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток