Македонија

За разрешувањето на Јанева ќе се расправа во четврток, Димовски бара седницата да биде јавна

Претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, изјави дека извештајот за специјалната обвинителка Катица Јанева, кој е испратен од Советот на јавните обвинители до Собранието, треба да биде декласифициран и јавноста да присуствува на комисиската расправа за нејзино разрешување.

„Мој личен став е дека Советот на јавните обвинители треба да го декласифицира извештајот за специјалната јавна обвинителка. Комисијата треба да се одржи со присуство на јавноста. На тој начин ќе се зголеми довербата на граѓаните во Собранието и правосудниот систем“, рече Димовски.

Одлуката дали седницата ќе биде јавна или ќе се одржува зад затворени врати ја носи Комисијата.

 

 

На почеток