Македонија

Кривична пријава за три лица кои се обиделе да криумчарат 20 мигранти од Бангладеш

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против А.Ш.(21) од Штип и А.Д.(25) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 17.06.2019 на магистралниот пат Радовиш – Штип, кај клучка за с.Тополница, при преглед на паркирано патничко возило „форд транзит“ пронашле 20 лица – мигранти од Бангладеш, додека во паркирано товарно возило „фолксваген транспортер“ пронашле 21 лице – мигрант (16 од Бангладеш и пет од Пакистан).  По преземени мерки било утврдено дека возилата ги управувале пријавените.

На почеток