Јавното обвинителство ги прифати предметите на СЈО и ќе ги прераспредели до надлежните јавни обвинтелства, дознава Алсат. Во СЈО ја чекаат официјално одлуката на Јавното обвинителство на Љубомир Јовески, за да почнат да ги пакуваат во куфери предметите и истрагите произлезени од „бомбите“. Од СЈО велат дека предметите не можат да застарат, освен оние предмети со кратки рокови, што истекувале и кај нив.
Не се исклучува можноста дел од предметите наместо од обвинители на СЈО, да бидат водени од обвинителите на редовното Обвинителство. За обвинителката Фатиме Фетаи, во моментов најважно е криминалците да одговараат пред правдата, објави АЛСАТ.