Скопје

Лифт во зграда во Карпош 4 се откачил и паднал со четворица станари

Лифт се откачил и паднал во нова зграда во Карпош 4, на која с  уште не и е направен технички прием, но десетина станови се вселени бидејќи добиле клуч од инвеститорот, објави СДК.мк.

Несреќата се случила во средата, а во моментот во лифтот се превезувале четворица станари. За среќа, никој не е повреден.

Лифтот се откачил додека бил на првиот кат и паднал до подрумот на зградата, односно два ката под земја.

 

На почеток