Македонија

Претепаниот доктор од тетовската болница примен на Клиниката за неврохирургија во Скопје

Лекарот од тетовската болница кој утринава физички беше нападнат од пациент е во стабилна состојба и нема сериозни повреди, потврди министерот за здравство Венко Филипче. – За среќа нема сериозни повреди. Тој е во стабилна состојба, вели министерот Филипче.

Министерот додаде дека разговарал со претставници од МВР и се надева на брза разрешница на целиот случај.
Инаку нападот врз лекар се смета за напад врз службено лице.
На почеток