Македонија

Во вторник лидерска средба, дали ќе бидат само Заев – Мицковски?

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ – опозиционерот Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев, сепак, ќе седнат на заедничка маса следната недела, во обид да постигнат финален договор за новиот закон за јавно обвинителство, во кој најжешка точка е судбината на СЈО. Неофицијално средбата ќе се одржи во вторник во собранието.

Покрај измените во Законот за јавно обвинителство кои како тема ќе доминираат на лидерската средба, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски најави дека  лично тој ќе ја отвори темата за организација на предвремени парламентарни избори.

Се уште нема информација во кој формат ќе се организира лидерската средба и дали покрај Заев и Мицкоски на маса ќе седнат и други лидери на политички партии.

На почеток