Магазин

Битолската клиничка болница во филмска „улога” на болницата „Свети Андре” во Париз

Во битолската Клиничка болница синоќа почна снимањето на филмот „Сирената во Париз“, а сцените кои се снимаат во повеќе одделенија ја имаат улогата на француската болница „Свети Андре“ во Париз.

На режисерот Матијас Малзју и неговиот тим, на познатата актерка Роси де Палма, но и нејзините колеги Роман Бохрингер, Никола Авине како и на нашата Лабина Митевска им обезбедивме одлични услови за работа без притоа да се влијае врз секојдневната работа во болницата, изјави за МИА, Зоран Лазаров, директор на Клиничка болница-Битола.

-Синоќа се снимаше во Одделението за ургентна медицина и во операционите сали, а денес снимањето на филмот продолжува во Одделението за уво, нос и грло, Службата за трансфузиологија и избрани лабаратории во болницата кои ја имаат улогата на француската болница во Париз, „Свети Андре“. Најголем дел од нашите пациенти ниту забележаа дека ноќеска до раните утрински часови се снимаше филм, а така ќе биде и попладнево со професионалците учесници во филмот, посочи Лазаров и додаде дека веднаш по завршувањето на снимањето ќе биде отстранета информативната табла на која наместо Клиничка болница-Битола сега е поставена табла Болница „Свети Андре“.

Филмот „Сирената во Париз“ е белгиско-француска-македонска продукција, а македонски продуцент се „Сестри и брат Митевски“.

 

На почеток