24 годишниот играч Петар Велинов кој лани беше кошаркар на КК Ангели во Втората лига, но сега тој одлучи својата иднина да ја сподели со кошаркарскиот клуб „Албес“, тим кој ќе биде дебитант во Втората македонска кошаркарска лига. Велинов му се придружува на КБ АЛБЕС на едногодишен договор, засилувајќи го тимот на позицијата еден и два.
Велинов и Албес годинава ќе се борат енергично за да ја исполнат целта на тимот, а тоа е влез во македонската Прва кошаркарска лига.
