Магазин

Почина Васил Пујовски, писател, поет, автор на култни детски ТВ серии и автор на многу македонски хитови

Драмскиот писател и поет за деца и возрасни Васил Пујовски почина на 72 години. Васил Пујовски е роден на 1 октомври 1946 во село Д’мбени, Костурско, со потекло од Егејскиот дел на Македонија.

Во време на Граѓанската војна е отргнат од најблиските и со татко му донесен во Скопје, каде растел и се школувал  завршувајќи Филозофски факултет, но преживеаната голгота на растуреното семејство ја носеше длабоко во себе и се обидуваше да ја искаже преку авторството.
Својот професионален век го започнал во Нова Македонија, па во Редакцијата на неделникот „Екран“ од каде дошол во  Македонската телевизија. Во МТВ поминал долг професионален период и неговата работа како пред се Уредник беше врзана за Програмата за деца и млади, секогаш со нови идеи и отвореност за соработка.
Како уредник е потпишан на најпопуларните серии за деца “Шарам-барам“, До-ре-ми, „Чук,чук, Стојанче“, „ Втората смена“, Умни глави (прв дел), „Во светот на бајките“ (прва и втора сезона) и автор на насловната песна , “Дајте музика” двете продолженија, каде е и автор на текстот зa насловната песна, “Здраво генијалци “……..и многу други.
Пујовски е автор на голем број македонски хитови од „Макфест“ и „Златно славејче“, како „Кога те нема“ која ја пееше Хелена Благне и „Никола, Никола“ на Оливера Лазаревска.
На почеток