Македонија

Охрид преку „DMC Balkans Travel & Events“, промовиран на двата најголеми саеми за туризам на Далечниот исток

Охрид и Македонија и туристичките потенцијали на регионов, деновиве се промовираат на далечниот исток. На еден од најголемите саеми за туризам кој деновиве се одржува во Малезија, туристичката агенција „„DMC Balkans Travel & Events“, од Охрид дел од светската туристичка елита која на далечниот исток ги преставува туристичките потенцијали на Македонија и Охрид.

„Мата Саемот“ се одржува на површина од речиси 30 000 метри квадратни во пет хали во Куала Лумпур, а годишно го посетуваат повеќе од 100 000 посетители.

„„DMC Balkans Travel & Events“, исто така деновиве е едел и од „Травел Март“ саемот во Џакарта на кој се промовира инкоминг туризамот.

Инаку Агенција „DMC Balkans Travel & Events“, на Меѓународната туристичка манифестација „World Travel Awards 2019“,  што се одржа на 8 јуни на островот „Мадеира“, е прогласена за најдобар тур оператор.

Филип Стефаноски со тимот од туроператорот DMC Balkans кои  работат  на рецептивен туризам, уште еднаш покажаа дека „DMC Balkans Travel & Events“, точно знаат што му треба на Охрид и како да го претстави нашиот град. Ова е второ признание од глобалната манифестација „World Travel Awards“, што значи дека „DMC Balkans Travel & Events“, станува препознатилива агенција во светски рамки со докажан квалитет и реализација на ветувањата за туристите во целост.

Инаку „World Travel Awards“веќе 26 години ги идентификува најдобрите претставници од областа на туризмот и го наградува нивниот квалитет и успех во работењето.

 

На почеток