Спорт

22 години од денот кога Реал Мадрид падна во Аеродром!

На денешен ден пред точно 22 години се случи сигурно најголемата клупска победа во историјата на македонскиот спорт, откако МЗТ Скопје во преполната сала „Јане Сандански“ го совлада големиот Реал Мадрид (69-68).

Тоа беше меч од ФИБА Еврокупот во кој во веќе далечната 1996 година во скопската населба Аеродром падна најтрофејниот европски кошаркарски тим предводен од легендарниот Жељко Обрадовиќ, а во чиј состав беше во тој момент еден од најдобрите европски кошаркари, Дејан Бодирога. Двете прецизно изведени слободни фрлања на Перо Блажевски во последните секунди веќе се дел од историјата, а се овековечени и на графит како вечна благодарност од навивачите на сино-белиот тим. Во тимот предводен од Александар Књазев беа уште и Врбица Стефанов, Мирза Куртовиќ, Дејан Димов, Игор Михајловски, Тони Симиќ, Слободан Петровски, Антонио Миневски, Борис Нешовиќ и Американецот Марк Дин.

МЗТ Скопје пред две години на пригоден начин, со посебна свеченост за време на натпреварот против Гран Канарија од Еврокупот, одбележа две децении од овој најголем успех на клубот од „Јане Сандански“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток