Македонија

Владата издвои 30 милиони денари повеќе за домаќинствата за субвенции за сончеви колектори

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница гидонесе измените на Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2019 година.

Со измената на Програмата предвидено e зголемување на средствата предвидени со Буџетот и тоа: дополнителни 5 милиони денари за субвенции за сончеви колектори, дополнителни 14.7 милиони денари за субвенции за ПВЦ или алуминиумски прозорци и дополнителни 10 милиони денари за субвенции за печки на пелети, со што вкупните средства од 50 милиони се зголемуваат на 79 милиони денари.

Во делот на доделувањето на субвенции за купени печки на пелети се предлагаат вкупно 30 милиони денари, од кои 15 милиони денари ќе бидат наменети за баратели со ниски примања (ранливи потрошувачи) и истите ќе имаат предностпри доделувањето на субвенциите. Останатите 15 милиони денари ќе бидат доделени на начинот опишан во програмата и јавниот оглас.

На почеток