Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не подгрева тензии туку да ги остави надлежните институции да го расчистат случајот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува насилното однесување, говорот на омраза и ширењето етничка нетрпеливост на поединци и групи. Нема толерирање на насилно однесување и ширење говор на омраза и секое лице кое постапувало незаконски мора да одговара, велат од партијата.

„Како што јавно соопшти СВР Тетово, се работи на целосно расветлување на случајот што во претходните денови се случил во Тетово. Остварена е и средба меѓу надлежните институции, СВР Тетово и Основното јавно обвинителство за конкретно квалификување на делата, утврдување на динамиката и следните чекори, за комплетно расветлување на случајот и соодветно санкционирање на одговорните.

СДСМ апелира до граѓаните да не подлегнуваат на провокации, а антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да не подгрева тензии туку да ги остави надлежните институции целосно да го расчистат случајот.

Македонија е правна држава каде што законите важат неселективно односно подеднакво за сите граѓани“, стои во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток