Коментари

До луѓето е, не е до џукелите

Пишува: Емилија Лазаревска / Ако.мк

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, утрината, во знак на жалост и сочувство поради смртта на младата Џ.М.(17), која се удави во Вардар, на својот ФБ профил, постави црна лента. Луѓето кои коментираат под објавата, изразуваат сочувство, не осудуваат, не обвинуваат, не бараат одговорност. Барем на денот на жалост. Имаат почит.

Од вчера на ФБ читам како се прави хајка против здружението за заштита на животни Анима Мунди поради овој трагичен случај. Зошто?! Може ли некој да ми објасни зошто тие би биле одговорни, во случај да се потврди дека девојката паднала во Вардар затоа што навистина ја бркале кучиња. Немаме официјална потврда за тоа.

Каков е тој нагон кај многумина веднаш да бесат, колат, распнуваат, притоа немаат основни информации и појма немаат која е улогата на Анима Мунди и другите здруженија за заштита на животните. Тие имаат една улога, општините и градоначалникот, конкретно, друга.

Како замислувате здруженијата за заштита на животни да ја работат нивната работа? Немаат овластување, немаат ресурси, немаат финансии за тоа, а сето тоа го имаат локалните самоуправи, кои не си ја вршат работата за која се надлежни.

Анима Мунди се грижи за благосостојба на животните и тоа секаде е така во светот. Тоа е нивната улога, волонтерска! Ги вдомуваат, ги лекуваат, ги згрижуваат, помагаат колку што можат да се тргнат од улица.

Неинформирани сте. И тоа е главниот проблем во оваа држава за сѐ, секоја област, не само за оваа. Многумина не можат да разберат како тоа се собрале толку многу луѓе за кучињата, а не можеле за одбрана на името? Па во кого е проблемот ? Во тие што сакаат животни, бараат хуман третман за нив, или во вас што прашувате?

Свеста на едно општество се мери според тоа колку ги сакаме и се грижиме за животните. Затоа што тоа покажува дека за луѓето општеството направило доволно,. Кај нас апсолутно не е така. Се разбира. Се гледа секојдневно на дело, со глутниците кучиња, дури и во центарот на Скопје, за што, на дело се покажува неверојатната неспособност на актуелните градски татковци и локални администрации.

За да прочитате повеќе, прочитајте тука.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток