Македонија

Боки 13 повторно пренесен на скопските клиники

Бојан Јовановски денеска повторно бил однесен на скопските клиники, откако се пожалил на болки во истражниот затвор „Скопје“, дознава „Фокус“ од извори од одбраната.

Сѐ уште не е познато дали Јовановски ќе биде задржан на лекување, или ќе биде вратен во затворот во Шутка. Јовановски веќе неколку пати, откако е во притвор, е носен на прегледи на скопсите клиники, поради болки кои му се јавуваат како последица на оперативен зафат.

Тој заедно со Зоран Милевски Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се осомничени во случајот „Рекет“.

На почеток