Македонија

Алфа: „Херитиџ“ алармира на висока корупција и сива економија, премиерот не е загрижен поради извештајот

Економијата на Македонија е загрозена поради политичките превирања. И покрај тоа што земјава се најде на 33-тото место во светот според индексот на економски слободи што го изработува „Херитиџ“, фондацијата наведува дека економските перформанси можат да бидат поткопани поради постојаната политичка криза. „Херитиџ“ детектира слабост во фискалната политика, непродуктивно трошење на државните пари и голем опфат на сивата економија од 20 до 45% од БДП. Фондацијата особено го критикува начинот на кој власта се справува со корупцијата и гломазната администрација, објави алфа.мк

Критиките од „Херитиџ“ не го загрижуваат премногу премиерот. Според него, извештајот бил позитивен. Сите мерки што Владата ги презела биле за да се намали сивата економија и корупцијата. Сепак, бројките на Владата не се совпаѓале со оние на фондацијата. Сивата економија достигнувала до 30%, а не 45%.

Текстот во целот на: Алфа.мк

 

На почеток