Магазин

Ана и Игор Дурловски отвораат Академија – Ќе го пренесеме тоа што сме го научиле

Оперските пејачи Ана и Игор Дурловски после 20 години активна кариера ја основаа Академија Дурловски за да го пренесат своето знаење и искуство кои и да им помогнат на учениците правилно да ја совладаат вокалната техника и да ги подобрат нивните вокални способности.

Имате убав глас? Музикални сте? Талентирани? Дали е доволно тоа за да бидете добар оперски, концертен или естраден пејач и да изградите успешна кариера?

Во Академијата за вокална уметност ДУРЛОВСКИ ќе можете да се запознаете со импостација на гласот, техники на дишење, вокална анатомија, поправање на погрешно поставен глас и аномалии во пеењето, подготовка за аудиции, испити, натпревари, концерти и претстави.

Доколку сте заинтересирани за изучување на вокалната уметност и да бидете чекор поблиску до Вашата цел, Ве очекуваме да го споделиме знаењето и искуството стекнато на светските сцени, велат од Академијата Дурловски.

Академијата ќе започне со работа на 1 октомври 2019.

https://www.facebook.com/durlovski/posts/2778816222142222

На почеток