Свет

Откриена мрежа за шверц со човечки органи – во Бугарија се апси

Бугарските власти открија криминална мрежа и покренаа обвиненија против четворица членови на таа група, поради регрутирање на сиромашни луѓе, кои за пари ги продавале своите бубрези. Тројца мажи и една жена се обвинети за регрутирање на донори на органи кои потоа стапувале во контакт со пациенти на кои им е потребно пресадување бубрези, изјави обвинителот од бугарското обвинителство Димитар Петров.

Трансплантациите се вршеле во болница во Турција, благодарение на фалсификуваните документи според кои пациентот и донорот се во сродство.

Најмалку пет пациенти добиле бубрези за трансплантација од февруари годинава. Пациентите плаќале меѓу 50.000 и 100.000 евра за трансплантација.

Инаку до сега годинава биле извршени 22 трансплантации на бубрези, додека на листата на чекање за пресадување се запишани 1.028 пациенти, соопшти бугарското министерство за здравство.

На почеток