Луѓето кои имаат фобија од мали дупки тврдат дека дизајнот на новиот „ајфон 11 про“ го активира ваквиот страв.
На претставувањето на новиот телефон во вторникот, вниманието на јавноста го привлече ултра широката задна камера, со три леќи поставени блиску една до друга.
Apple did not think of us that have TRYPOPHOBIA when making the iphone 11 pro. I cant buy it and be itchy all over every damn time I look at it.
— Mrs. Ummeeta Rabiu (@ummeetaa_x) September 11, 2019
Стотици корисници на паметни телефони сега тврдат дека новиот дизајн ја активирал нивната „трипофобија“, што претставува аверзија од гледање во мноштво од мали дупки, пишува Би-би-си.
Терминот „трипофобија“ првпат беше споменат во 2005 година на онлајн платформата „Редит“ и оттогаш за него многу се дебатира на социјалните мрежи.
New iPhone 11 giving me trypophobia feeling. Don’t be flexing that ugly ass phone around me if you buy it. 🤢🤮 pic.twitter.com/UGY3GZreiL
— itsjudythenerddd (@itsjudythenerd) September 11, 2019
Актерката во „Американ хорор стори“ Сара Полсон и манекенката Кендал Џенер се меѓу познатите личности кои тврдат дека страдаат од ваква состојба.
Apple’s new iPhone Pro is triggering people who have trypophobia #AppleEvent pic.twitter.com/DHyEGynuPG
— NowThis (@nowthisnews) September 11, 2019
Пред извесно време научници од Универзитетот во Есекс ја спроведоа првата комплетна научна студија за трипофобија.
Тие констатирале дека гледањето во мали дупки кај некои луѓе може да предизвика екстремни последици. Така некои од испитаниците повраќале, а други рекле дека неколку денови не биле во состојба да одат на работа.