Во Германија, во третиор квартал од оваа година со 1,24 милиони отворени работни места е забележан рекорден недостаток на работна сила, јавува Инситутот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ).
„Најголемиот раст на побарувачка е забележан на подрачјето на преработувачката индустрија, но и во побарувачката во секторот на услужни дејности има над 600.000 отворени работни места“, вели Александер Кубис од ИАБ.
Во градежништвото отворени се 108.000 работни места, а во логистиката (сообраќај и складиште) 87.000.
Најголем број отворени работни места се однесуваат на средна или випша стручна спрема (60,8 отсто), потоа лица без квалификации (22) и на крај лица со факултетско оберазование (17 отсто).
Германскиот пазар на труд веќе со години се соочува со недостиг на работна сила, со се поголем број на пензионери, што се обидува да го компензира со увоз на работна сила.